Актуелниот европски шампион Шпанија не успеја со победа да го почне настапот на Мундијалот.
Шпанската селекција се изнамачи во дуелот со Зеленортските острови, па наместо три освои само еден бод. Во првиот натпревар од Х групата „црвената фурија“ одигра само 0-0.
Шпанците постојано атакуваа кон голот на противникот, но добро организираниот и солиден тим на Зеленортските острови успеа да се одбрани. Имаа бројни шанси европските шампиони, но не совладлув беше голманот Возиња.
Во 90-тата минута Зеленортските острови имаа дури и шанса за победа. Сепак ударот на Боргес со глава, беше лесен плен за шпанскиот голман. Но и овој освоен бод е огромен успех за оваа репрезентација која досега важеше за аутсајдер, но сега останатите противници ќе мораат посериозно да ја сфата.
Во вториот натпревар од оваа група, ноќеска на полноќ, Уругвај ќе игра против Саудиска Арабија.

| 📅 | ⏰ | 👑 Х група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|































