репрезентации на Белгија и Египет со интересен и борбен дуел го отворија натпреварувањето во групата Г на Светското првенство. На стадионот „Лумен Филд“ во Сиетл, двете селекции освоија по еден бод, постигнувајќи по еден гол (1-1).

Во првото полувреме, популарните „Фараоние“ беа оние кои го отворија резултатот. По асистенцијата на Салах, на вистоинското место се најде Ашур, за водство на Египет од 1-0.

Белгијците со сите сили се обидуваа да стигнат до израмнување. Имаа неколку шанси за тоа, а најзрелата беше слободниот удар на ДеБруине кој ја погоди стативата. Египет имаше предност се до влегувањето на Лукаку во игра во 65-тата минута. Нецела минута подоцна, токму по неговата реакција, Мохамед Хани си постигна автогол за израмнување на резултатот на 1-1.

Иако двете репрезентации до крајот на мечот се обидуваа да дојдат до втор гол и победа, сепак резултатот остана не променет.

Во вториот натпревар од оваа група, во 3 часот по полноќ, ќе играат Иран и Нов Зеланд.

📅 👑 Г група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови
```