ФИФА ги објави новите измени на правилата кои ќе важат за Светското првенство во 2026 година.

Најголемата новост е забраната на тактичките тајм-аут. Играчите повеќе нема да можат да се собираат кај аут линијата кога голманот е повреден. Наместо тоа ќе мора да останат на теренот или да се групираат во центарот.

Воведени се и строги ограничувања за одолговлекување на играта. Аутите и гол-аутите, мора да се изведат за 5 секунди, а ако се доцни топката ќе премине кај противникот.

Играчите кои ќе треба да бидат сменети, ќе имаат 10 секунди да го напуштат теренот, во спротивно нивниот тим ќе игра со еден човек помалку одреден период.

Повредените играчи ќе мора да останат надвор од теренот една минута по укажаната помош. Тоа нема да се однесува на голманите и во случаи на посериозни фаули.

Новите правила предвидуваат и црвен картон за играчи кои намерно ја покриваат устата при конфронтација за да сокријат навредливи зборови.

ВАР ќе може да интервенира и пред топката да влезе во игра при прекини, ако има прекршоци што влијаат врз гол, пенал или дисциплинска мерка.

Паузите за освежување, ќе останат дозволени поради топлото време. Тоа ќе биде единствените моменти кога тренерите ќе можат да дадат тактички насоки.

Целта на овие измени е да се намали губењето време, да се забрза играта и да се зголеми фер-плејот.

Ова е јасен сигнал дека Светското првенство во 2026 ќе се игра со поголема динамика и дисциплина. Новите правила ќе имаат значајно влијание врз текот на натпреварите.