Одбројуваме два дена до почетокот на најголемиот светски спортски настан годинава, фудбалскиот Мундијал во САД, Канада и Мексико.
Натпреварите ќе се играат од 11 јуни до 19 јули 2026 на 16 стадиони во 16 градови, САД 11 градови, Мексико 3 градови, Канада 2 градa.
23-тото Светско првенство, ќе биде историско првенство бидејќи за прв пат ќе настапуваат 42 репрезентации. Тие се поделени во 12 групи по 4 репрезентации. Пласман во следната фаза (1/16-финале) ќе обезбедат првите 2 од секоја група (24 тима). Дополнителен пласман има за уште 8-те најдобри третопласирани тима. Следна рунда (шеснаесетфинале – елиминации) ќе брои 32 селекции.
Вкупно ќе бидат одиграни 104 натпревари, а кулминацијата (финалето) е закажана за 19 јули во Њу Џерси на стадионот „Метлајф стадион“ што може да прими над 82.500 гледачи.
Пристојната натпреварувачка сезона 2026-2027, во второлигашката АБА конкуренција, Македонија ќе има три свои претставници. Покрај шампионот МЗТ Скопје Аеродром, учеството е потврдено и на...