Македонската тениска Дејвис куп репрезентација ја чека настап во Третата Европска група од Дејвис купот во Кишињев, Молдавија.

По поразот од Кипар во Втората зона на почетокот на годината, македонските тенисери имаат нова шанса да изборат враќање во повисок ранг. Тоа треба да го сторат си настапите во конкуренција на осум репрезентации поделени во две групи.

Македонија ќе игра во Б групата во која противници ќе и бидат, домаќинот Грузија, Косово и Молдавија. Тимот составен од Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев, Олег Приходко, ќе треба да го освои првото место. Тоа директно води во повисок ранг на натпреварување. Шанса ќе имаат и второ рангираните репрезентации кои ќе одиграат дуел за 3.место кои исто така носи пласман во Втората Светска зона.

Прв противник на Македонија ќе биде Молдавија и тоа утре.