Актуелниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја почна финалната серија од плејофот против Маџари.
Во првиот натпревар одигран во СЦ ,, Јане Сандански”, аеродромци славеа со 84-78 за водство од 1:0 во победи.
Домашниот тим на МЗТ во воведните пет минути го контролираше резултатот, а имаше и предност од 5 поени. Сепак, по втората половина од овој квартал кошаркарите на Маџари од играа многу подобро. Со серијата од 04-14, Маџари ја заврши четвртината со предност од осум поени 18-26. Гостинскиот тим имаше предност се до 16.минута (34-37). Тогаш аеродромци повторно ја презедоа контролата врз играта и резултатот. Направија шампионите серија од 11-03 и заминаа на одмор со +5 (44-40).
И во третиот период, тешко шампионот ја одржуваше предноста. Имаше во еден миг МЗТ најголеми +9, за во последната четвртина да влезе со осум позитива 69-61. Искуството на аеродромци во вакви натпревари пресуди во последниот квартал, па Маџари не доби шанса да го изненади шампионот.
Прв стрелец со 17 поени во редовите на победникот беше Андреј Маслико, додека Танасковиќ заврши со два помалку.
Финалната серијата се игра во три добиени натпревари. И вториот повторно ќе се игра во ,,Јане Сандански” веќе во среда.






























