Тимот на Кливленд Кавалирс ја комплетира листата на четири екипи кои ќе играат во конференциските финалиња на НБА лигата.

Кавалис се пласираа во финалето на Источната конференција по убедливата победа против Детроит во решавачкиот седмиот натпревар од серијата. Победникот беше речен уште по првото полувреме кое Кливленд го доби со 64:47. Детроит не можеше да се врати во натпреварот, па гостите славеа со убедливи 125:94.

Донован Мичел го предводеше Кливленд до победата со 26 поени и осум асистенции. Џарет Ален и Сем Мерил додадоа по 23, а Еван Мобли заврши со дабл-дабл со 21 поен и 12 скока.

Кавалирс, како четврти носители на Истокот, го елиминираа најдобропласираниот тим во конференцијата и ќе играат против Њујорк Никс за место во големото финале на НБА. За „Кавалирс“ ова е прво пласман во финалето на Источната конференција од 2018 година.

Во финалето на Западната конференција ќе играат актуелниот шампион Оклахома Сити и Сан Антонио, а првиот меч на програмата е ноќеска 2.30 часот по полноќ.