Историски прв трофеј за женскиот одбојкарски клуб Вардар ЕМ од Скопје. До него тие дојдоа во финалето на Купот на Македонија чија завршница се игра во СЦ „Јане Сандански“ Скопје.
Вардарки во финалето го совладаа бранителот на пехарот од лани Наковски волеј и тоа убедливо во во три сета 3:0.
Иако самиот пласман беше на турнирот беше огромен успех, вчерашната победа во полуфиналето над Газели со 3:0 го дополни тоа, а вечерва со триумфот над струмичанки го достигнаа врвот.
Заслужено вардарќи се радуваат на својот прв трофеј во клупската историја. Тие постојано го контролираа резултатот во сите три сета кои ги добија со 25-22, 25-12 и 25-22.
Овој триумф на вартдарки е опомена за одбојкарите на штипски УГД.
Имено оваа екипа исто така важи за фаворит во дуелот со ГОК Борец во машото финале. Штипјани воедно се бранмители на пехарот од лани.



































