Македонската фудбалска репрезентација, попладнево ќе ги дознае противниците за новото издание на Лигата на нации.

За првпат во историјата, нашата селекција ќе игра во Б сегментот или втората по квалитет конкуренција. Новиот селектор Гоце Седлоски ќе го води тимот во ова натпреварување.

Македонија на ждрепката ќе биде извлечена од четвртиот сад, во кој се и репрезентациите на: Шведска, Северна Ирска и Косово. Разбирливо овие селекции неможат да бидат противници на Македонија. Но, оние останати 12 селекции секако ќе бидат голем предизвик за нашите фудбалери.

Носители се Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Во вториот сад се Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина. Третиот сад го сочинуваат Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.

Натпреварите ќе се играат во периодот од 24 септември – 17 ноември 2026, а 16-те репрезентации, поделени во 4 групи со по 4 селекции.

Жрепката ќе се одржи во Брисел со почеток во 18 часот.