Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, во Даблин против Република Ирска вечерва ќе игра пријателски натпревар.

Во дуелот без резултатско значење, Македонија и Р.Ирска ќе ги лечат раните од елиминациите во полуфиналните бараж дуели за Мундијалот.

Колку двајцата селектори ќе успеат да извлечат мотив кај своите избраници, останува да се види. Македонскиот, Гоце Седлоски, најави одредени формациски промени во тимот. Сепак, најголемиот дел од составот што го почна дуелот во Копенхаген ќе биде истиот.

За разлика од дуелот со Данците, селекторот Седлоски во тимот ќе ги нема Миовски, Трајковски и повредениот Атанасов.

Дуелот меѓу Р.Ирска и Македонија ќе почне до 20.45 часот.