Фудбалската репрезентација на Македонија ја чека нов натпревар, овој без резултатско значење против Република Ирска.

По елиминацијата во бараж полуфиналниот дуел од Данска, македонските фудбалери сега ќе треба да го поправат впечатокот против Ирците.

Тие денеска отпатуваа за Даблин, каде во вторник ќе се игра натпреварот и тоа во терминот од 29.45 часот.

Во експедицијата која замина за Ирска ги нема Бојан Миовски, Александар Трајковски и Јани Атанасов. Првите двајца поради изразено незадоволство за нивниот статус на дуелот со Данска, за што селекторот Седлоски даде свое објаснување. Атанасов пак не може да се стави на располагање поради повреда.