Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, утре во Даблин ќе игра против Република Ирска.
Овој натпревар ќе биде од пријателски карактер, откако двете репрезентации беа елиминирани во полуфиналните бараж дуели за пласмана Светското првенство.
Селекторот Гоце Седлоски не планира да минува многу во составот, а ќе направи неколку рокади на позициите на кои играа фудбалерите. Шанса ќе добијат повеќемина, но сепак ќе треба да го убедат селекторот дека ја заслужуваат истата.
„ На неколку позиции ќе поминеме. Ќе им дадам шанса на неколку играчи, али нема многу баш да се менува. Се договоривме да имаме осум измени во овој натпревар.
Тие што ќе влезат мислам дека заслужуваат и затоа се тука во оваа репрезентација. Ете утре нека докажат дека заслужуваат да го носат македонски дрес“, изјави Седлоски.
Во тимот, што отпатува за Даблин, за разлика од оној во Копенхаген, ги нема Трајковски, Миовски и Атанасов.




































