Шестиот натпреварувачки ден на зимските олимписки игри во Милано и Kортина носи нов настап на македонските спортисти.
Pо завчерашниот на Ставре Jада, денеска своето прво и единствено учество на олимпијадата ќе го има а Ана Цветановска.
Македонската нордијка, за која ова е второ учество на Олимпијадата по дебито во Пекинг 2022, ќе се појави на стартот во трката на десет километри. Таа ќе стартува со редниот број 101, во трката за која се пријавени 111 натпреварувачки.
Стартот на трката е закажан за 13 часот.
Потсетување дека Македонија покрај двајцата нордијци, на овие игри ја претставуваат и двајца млади скијачи во алпските дисциплини Јана Атанасовска и Виктор Петков.




































