Трет натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри што се одржуваат во Милано и Кортинс. И овој минува без настап на македонските олимпијци.
Македонија ќе биде претставена од четворица натпреварувачи, по двајца, во алпските и нордиските дисциплини, во женска и машка конкуренција.
Прв на олимписките терени ќе се појави нордиецот Ставре Јада кој како и алпинката Јана Атанасовска ќе имаат по два настапи.
Официјален распоред на настапи на македонските спортисти на Зимските олимписки игри.
Нордиско скијање (Крос-кантри)
Ставре Јада 10.02 во 09:55 ч. (Спринт)
Ана Цветановска 12.02 во 13:00 ч. (10км)
Ставре Јада 13.02 во 11:40 ч. (10км)
Алпско скијање:
Виктор Петков 14.02 – (Велеслалом) – Прва трка (10:00 ч.) / Втора трка (13:30 ч.)
Јана Атанасовска 15.02 – (Велеслалом) – Прва трка (10:00 ч.) / Втора трка (13:30 ч.)
Јана Атанасовска 18.02 (Слалом) – Прва трка (10:00 ч.) / Втора трка (13:30 ч.)







































