Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи прогрес на најновата ВТА листа.
Иако Лина остана без финале на турнирот во Порто, каде заврши во полуфиналната рунда, сепак тетовката напредуваше. Лена сефа е на 182 местo што е скок од 12 места.
Што се однесува до ТОП-10, таму има само три промени.
Белинда Бенчиќ падна за две позиции и сефа е 11-та. На сметка на Швајцарката, прогрес направија Елена Свитолина и Екатерина Александрова на 9 и 10 место.
Убедливо прва и натаму е Арина Сабаленка, пред Ига Швјатек и победничката на Австралија опен, Елена Рибакина.



































