Македонската одбојка, пред се машката репрезентативна, си фати контиуитет на настапи на големите натпреварувања.
Така ќе биде и во 2026-тата година во која машката селекција на Македонија ќе биде дел од 34-то издание на Европскиот шампионат.
Македонија четврти пат во низа дел од ЕП
Од 9 до 26 септември 2026 година Бугарија, Финска, Италија и Романија, ќе бидат домаќини на машкиот Евроволеј. Ова е четврти пат по ред шампионатот да се одржи во четири земји.
Македонските одбојкари ќе играат во А групата во Софија, во која за противници ќе ги имаат домаќинот Бугарија, Украина, Полска, Португалија и Израел. Селекцијата предводена од капитенот Никола Ѓорѓиев очекува да има и голема поддршка, пред се поради близината од одигрувањето на натпреварите.
Како загревање за Европското првенство, одбојкарите повторни во мај и јуни месец ќе играат во ЦЕВ Европската лига.
Ова натпреварување ќе има нова тежина, а ќе го замени квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2028 година. Циклусот за пласман на ЕуроВолеј 2028 ќе се одвива преку изданијата на Европската лига 2026 и 2027.
Штипјани годината ја отвораат со настап на Европската сцена
На клупско ниво. Иако во домашното првенство се пауза се до последниот викенд на јануари месец, одбојкарите на Штип УГД ќе полнат многу порано. По кратката новогодишна пауза, штипјани веќе на 6 јануари ги чека реванш дуелот со италијанскиот тим Милано. Тоа ќе биде возвратниот натпревар од 1/16-финалната рунда, а ќе се игра во Италија. На штипјани кои дебитираа на европската сцена, им останува достојно да го одиграат бидејќи во него ќе влезат како аутсајдери. Првиот меч тимот на Милано го доби убедливо во три сета, па реваншот се очекува да боде само чиста формалност.
Интересно ќе иде во борбата за распределбата на трофеите
На домашната одбојкарска сцена. Според прикажаното во првиот дел од шампионатот, во двете конкуренции, сигурно не очекува неизвесна борба за трофеите. Кај дамите Наковски волеј досега е перфектен, а заедно со екипата на Работнички и актуелниот првак Јанта волеј ќе бидат главните претенденти за пехарите.
Кај мажите, лидерот на табелата Штип УГД и првакот Струмица секако се чекор пред останатите, па распределбата на трофеите треба да биде меѓу овие две екипи, како што беше и лани.











































