Фудбалерите на Барселона се првите финалисти во Супер купот на Шпанија. Бранителот на трофејот од минатата година Барселона, во првиот полуфинален дуел славеше убедливо над Атлетик Билбао со 5-0.

Целата работа, на дуелот што се игра во Џеда (Саудиска Арабоја), каталонскиот тим ја заврши уште во првиот дел кога беа постигнати четири голови. Серијата ја отвори Феран Торес во 22-та минута. Потоа набрзина за осум минути, Барса постига уште три гола. Фирмин во 30-тата зголеми на 2-0, Швеѓанецот, Бардџи зголеми на 3-0 (34.минута), а Рафиња на ефектен начин (38) на 4-0.

Вториот дел повторно во листата на стрелци се запиша Рафиња (52) за 5-0. Избраниците на Ханси Флик, рутински го приведоа мечот до крајот, без промена на резултатот.

Во недела Барселона ќе го игра своето 28-мо финале во Супер купот, а ќе атакува на 16-тиот трофеј. Кој ќе биде „предизвикувачот“ ќе дознаеме утревечер по дуелот на мадридските ривали меѓу Реал и Атлетико.

Следете нé на социјалните мрежи