Во претстојната 2026-та година најголемиот светски спортски настан секако ќе биде фудбалскиот Мундијал.
САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули ќе бидат домаќини на историското 23-тото Светско првенство со најголем број на земји учеснички (48).
Втора шанса Македонија за настап на СП
Најголемиот дел од нив веќе се ја завршија работата и обезбедија настап на Мундијалот. Остануваат уште шест празни места кои ќе се пополнат преку баражите. Во игра за едно од нив е и фудбалската селекција на Македонија. Втор пат македонските фудбалери добиваат ваква можност. Благоја Милевски во двата наврати ги одведе црвено-жолтите до баражот. Сепак популарниот „Сер Боби“ не дови и втора можност до крај да си ја заврши работата. ФФМ реши таа шанса да ми ја довери на Гоце Седлоски. Тој и неговите соработници ќе имаат тешка задача да ја израдуваат македонската спортска, пред се фудбалска, јавност.
За да се оствари историскиот успех, прво македонските фудбалери ќе мора да ја минат Данска, а потоа и победникот од дуелот Чешка и Република Ирска. Двата натпревари (26 и 31 март) Македонија ќе ги игра на гостински терен.
Шкендија веќе испиша историја за мак-фудбалот
На клупско ниво, 2025-тата како никогаш досега мина најуспешно кога во прашање се настапите на македонските екипи на меѓународната сцена. За тоа се погрижи актуелниот шампион тетовска Шкендија. По настапите во квалификациите за Лигата на шампионите и Лига Европа, тетовци продолжија во групната рунда на Конференциската лига. Тетовци ја минаа и таа фаза па сега ја чекаат ждрепката на 16 јануари кога ќе го дознаат противникот за 1/16-финалето.
Битката за трофеите во мак-фудбалот ќе биде неизвесна
Пред почетокот на Мундијалот (јуни), на домашната фудбалска сцена, ќе бидат распределени и трофеите за шампионот и Куп победникот.
Според досега прикажаното, четири тима (Вардар, Струга ТЛ, Шкендија и Силекс) се претендентите за освојување пехарите. Тоа ќе ги даде и македонските претставници за следната сезона во европските купови.
Доцната есен ќе биде повторно резервирана за репрезентативниот фудбал. Новиот формат носи нов предизвик и повеќе натпревари во краток временски период за репрезентацијата на Македонија во Лигата на Нациите.














































