Шпанскиот Суперкуп повторно ја носи својата магија надвор од границите на Пиринејскиот полуостров. Вечерва Џеда ќе биде центарот на вниманието со првото полуфинале меѓу Барселона и Атлетик Билбао. Стадионот „Алинма“ ќе биде домаќин на спектаклот закажан за 20 часот, во кој Каталонците ја бранат титулата освоена минатата година. Баскијците се надеваат дека ќе ја повторaт својата приказна од 2022 година, кога стигнаа до финалето.
Форматот на Суперкупот во Саудиска Арабија веќе стана традиција. Започнувајќи во јануари 2022 година. Реал Мадрид беше првиот шампион на Блискиот Исток, а потоа повторно триумфираше во 2024 година. Барселона пак, се запиша како победник во 2023 и 2025 година, па сега има амбиција да ја продолжи својата доминација.
Атлетик Билбао влегува во натпреварот со одредени проблеми. Тимот на Ернесто Валверде ја заврши минатата година со пораз од Еспањол, а новата ја започна со реми против Осасуна. И покрај бројните повреди кои го мачат, сепак, Валверде има посебен мотив – дуел против својот поранешен клуб. Тој во нападот ќе ги има браќата Инаки и Нико Вилијамс кои секогаш се закана за противникот.
Барселона пак, изгледа како тим во подем. По поразот од Челзи во Лондон, Ханси Флик им вети на навивачите подобра верзија и тоа го исполни со осум победи по ред. Одбраната е стабилна, со четири натпревари во низа без примен гол. Дани Олмо веднаш се запиша во листата на стрелци по враќањето од повреда, но останува дилема дали ќе започне од првата минута. Затоа пак, сигурни стартери во нападот се Јамал и Рафиња, кои ја носат креативноста на Каталонците.
И минатата година двата тима се сретнаа во полуфиналето, а Барса го доби мечот со 2-0 со головитре на Гави и Јамал.
Во втората полуфинална пресметка утре ќе играат мадридските ривали Реал и Атлетико, a финалето е закажано за во недела (11 јануари).





































