Дека македонската кошарка со години тоне, тоа им е познато на сите, но очигледно не и оние кои директно се инволвирани во неа. Речиси секоја година резултатите во мак-баскетот се се послаби и послаби. без разлика дали станува збор за клупското или репрезентативно ниво.

Некогаш спорт број 1 во Македонија, а сега …

Кошарката во не така дамнешно време (иако поминаа 13-14 години) беше најпопуларниот спорт во Македонија. Сега трибините во ладните спортски сали се речиси празни. Само по некој залутан љубител на спортот или родител може да се види таму. Без парицата во овој спорт е проблем број 1, но за тоа не се виновни само институциите, кои неодамна ги посочи новиот претседател Главчев, туку и самите кошаркарски работници. На стара слава не се живее, а мотото „приграбам што е можно повеќе за себе“ секако е проблем број 1 во мак-баскетот.

Е, затоа и во 2026-та македонската кошарка ја чека уште една тешка и неизвесна година.

Машката репрезентацијата е вратена на самото дно. Игра во квалификации за квалификации за Евробаскетот. Победите над „велесилите“ од калибарот на Ирска и Луксембург, се само залажување дека репрезентацијата има „светла“ иднина. Далеку сме од европската елита во која не сме биде од 2015-тата, а како стојат работите, нема да бидеме ниту во 2029-тата. Но, она што во 2006-тата претстои за кошаркарите се возвратните натпревари со споменатите противници. Првите два ќе кон крајот на февруари и почетокот на март, а последните во јуни.

Кошаркарките пак по децениска пауза се израдуваа на првата победа. Тоа ги подгреа надежите дека можеби имаме тим за нешто подобри резултати. Сепак, поразите од Грција и Хрватска повторно брзо не вратија во реалноста. Евро-квалификациите македонските кошаркарки ќе ги продолжат со нови три натпревари во март месец.

Второлигашката АБА лига е „врвот“ за македонските екипи

Велат, репрезентацијата е огледало на работењето во клубовите, и тука не грешат со ваквата констатација. Години наназад, Македонија неможе да се пофали со успешен настап на меѓународна сцена кога во прашање е клупската кошарка. Врв е учеството во второлигашката конкуренција во регионалната АБА2 лига и во која мака мачат македонските екипи. За други поквалитетни натпреварувања и да не правиме муабет. Натпревар-два и тоа е тоа.

Она што останува да се надеваме е дека, во 2026-тата конечно еден македонски тим ќе успеа да отиде скалило погоре. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром и вицепрвакот ТФТ се нашите надежи. Двата тима ќе се обидат во продолжат во плејофот, па дури потоа да се борат за прволигашки статус во АБА.

Топло-ладно на домашната сцена

Студени сали зиме, пеколни дури и напролет, се само дел од условите во кои се играат натпреварите во домашното првенство. И во такви услови, оние нај упорните и нај вљубените во кошарката, се надеваат на интересни натпревари. Ланските финалисти во плеј-офот, МЗТ и ТФТ и годинава се издвојуваат од останатите. Затоа овие две екипи важат и за главни претенденти за трофеите.

Првиот оној во Купот ќе биде доделен на средината на вториот месец во 2026-та, по одржувањето на завршниот турнир предвиде 13 до 15 февруари. За шампионскиот трофеј ќе мора да почекаме се до напролет, крајот на мај и почетокот на јуни.

Летниот период (јуни-јули-август) ќе биде резервиран за младинските категории, за кои „ќе се молиме“ повротно да не претрпат дебакл.

А, од септември…. Пак се одново во круг, барем оние кои ќе ја „преживеат“ безпарицата.