Светскиот шампион Германија е првиот патник во финалето на Европското машко кошаркарско првенство.

Ова е исходот по денешниот прв полуфинален натпревар што се играше во Рига, Летонија. Во него Германците и вторпат на овој шампионат беа подобри од селекцијата на Финска.

За разлика од првиот дуел во кои ,пацините” славеа со 30 поени разлика, денеска натпреварот заврши со +12 (98-86 ).

Финците не успеаја да ја продолжат својата бајка и да стигнат до финалето, во која Германија за трофејот ќе се бори во недела.

Кој ќе биде противникот на светскиот шампион во битката за европската круна ќе дознаеме вечерва натпреварот Грција – Турција што ќе почне од 20 часот.