По четвртфиналето исполнето со неизвесност и емоции, Евробаскет 2025 влегува во завршната фаза. Остануваат само четири репрезентации кои ќе се борат за место во финалето.
Денеска на програмата се полуфиналните натпревари.
Првото полуфинале, носи реприза на дуел од групната фаза, а Финска повторно ќе се соочи со непоразената Германија. Натпреварот одигран во Тампере, светскиот шампион славеше убедливо со 91-61.
Но, тој натпревар е минато, па од таборот на двете селекции очекуваат дека денешниот ќе биде многу по неизвесен.
Финска сака да ја продолжи „бајката“
Финската репрезентација, предводена од Лаури Марканен, го живее своето најголемо кошаркарско поглавје. Со прво историско полуфинале на Евробаскет, Финците ја надминаа секоја очекувана граница. Нивната игра е комбинација од храбра одбрана, брза транзиција и тимска хемија која ги изненади сите. Од аутсајдери до кандидати за медал, Финска е приказна која инспирира.
Германија сака обединување на светската и европската титула
На другата страна стои германската селекција, светски шампиони и фаворити на турнирот, особено по елиминацијата на Србија. Германците доминираа во групната фаза и нокаут рундите, а нивната победа над Словенија и Лука Дончиќ беше доказ за менталната и физичката сила на оваа екипа. Со шест победи зад себе, Германија влегува во полуфиналето како голем фаворит
Победникот од овој натпревар освен шанса за шампионскиот трофеј, гарантирано обезбедува медал, во најмала рака сребрен.
Но, дали финската „бајка“ или германската машинерија ќе обезбеди финале, останува да видиме по мечот што ќе почне од 16 часот



































