По еднодневна пауза денеска и утре се игра започнува четвртфиналната рунда на Европското кошаркарско првенство.

Репрезентацијата на Турција е првата што обезбеди пласман во полуфиналист и шанса да се бори за медал.

Во првиот четвртфинален дуел Турците славеа против Полска со 91-77. Алперин Шенѓун трет натпревар во низа заврши со трипл-дабл ефект. Кошаркарот на Хјустон „Рокетс“, покрај 19 поени имаше и 12 скокови и 10 асистенции. Инаку Шенѓун на четири од седумте натпревар има остварено двоен ефект (дабл-дабл).

Турците својата добра форма ја потврдија и во овој натпревар, па ја остварија седмата победа со која го продолжија максималниот учинок. Сега Турците ќе го чекаат исходот од вечерашниот втор четвртфинален дуел во кој ќе играат Литванија и Грција.

Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме утре, по одигрувањето на преостанатите четвртрфинални натпревари. Во нив за место меѓу четирите најдобри ќе играат, Финска – Грузија и Германија – Словенија.

Следете нé на социјалните мрежи