По репрезентативната пауза, денеска и утре ќе се одиграат последните четири натпревари од првата рунда во фудбалскиот Куп на Македонија.
По неа ќе ги дознаеме последните четири екипи што ќе обезбедат пласман во осминафиналето, а во него денеска пласман обезбеди екипата на Башкими
На натпреварот одигран во Прилеп попладнево, тимот од Куманово славеше над екипата на Победа со 4-0.
Триумфот на Башкими го најави Недим Хаџиќ во првиот дел. Во вториот уште три гола во мрежата на домаќините. Во листата на стрелци се запишаа: Мемети (76.минута), Меслими (79), Аворнио (88)
Последните три патници во осминафиналето ќе го дознаеме утре по натпреварите што ќе се играат ви терминот од 15.30 часот
Во Гевгелија, Кожув ќе го пречека Шкупи, а во Автокоманда, Скопје е домаќин на Тиквеш. Во Тетово, шампионот Шкендија е апсолутен фаворит во дуелот со Јени Маале .
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 финале
09.09.2025 (вторник)
ПОБЕДА – БАШКИМИ 0-4
10.09.2025 (среда)
КОЖУФ – ШКУПИ 15:30 часот
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
ЈЕНИ МААЛЕ – ШКЕНДИЈА



































