По неочекуваниот вчерашен пораз од Кипар, машката кадетска селекција на Македонија денеска игра против Ирска на ЕП во Скопје.

На шампионатот (Б дивизија) за кошаркари до 16 години, македонските надежи ќе мора да го поправат впечатокот. Тоа особено важи за завршницата од дуелот против Кипар, кога го загубија мечот.

Ќе мора да одиграат во сите 40 минути избраниците на селекторот Пепиќ доколку сакаат да го добијат натпреварот. Се освен победа би било неуспех, бидејќи во таков случај би ги изгубиле шансите за освојување на едно од првите две места на табелата. Тие пак водат во разигрувањето, односно четвртфиналната рунда.

Дуелот Македонија – Ирска што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне во 18.30 часот. Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (Линк) .

Следете нé на социјалните мрежи