Женската кадетска репрезентација на Македонија, која денеска го одигра седмиот натпревар на Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години.

Избраничките на селекторката Даниела Новевска, со неверојатна игра и голем пресврт, ја впишаа втората победа на првенството .

Во разигрувањето за пласман од 21 до 24-то место, македонските кадетки се ги совладаа Фарските острови со 31-28. .

Иако на полувремето губеа со седум голови разлика, сепак не се откажаа. Во вториот дел, со голема борбеност, не само што го надополнија заостанувањето, туку на крајот и заслужено се радуваа.

Ивана Трифуновска со 10 гола и Таида Берковиќ со седум беа најефикасните македонски ракометарки.

Сега за нив останува уште еден меч, против со поразениот од дуелот Турција и Романија.

Во него нашите млади ракометарки ќе се обидат со победа да го освојат 21.место, а со тоа да обезбедат опстанок во елитата конкуренција на Европскиот шампионат.

Следете нé на социјалните мрежи