Репрезентацијата на Македонија до 15 години забележа нов пораз од соодветната селекција на Хрватска.
На втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски” младите Хрвати славеа со 3:0.
Македонија преку Емини во 14. минута прва се закани поголот на Хрватска. Во 27. минута, противникот поведе со 1:0, афтогол постигна Аксентиев.Емини во 42. минута ја имаше најдобрата можност, за Македонија, но неговиот удар заврши покрај голот.
Во продолжението, избраниците на селекторот Илами Исејни преку Стојанов и Селими се заканија по голот на Хрватска, но голманот на гостите и во двете ситуации одлично интервенираше. Драго Шкерго во 69. минута го зголеми водството на Хрватска. Три минути подоцна Иван Чалета ги постави конечните 3:0.