Во фудбалската Лига на шампиони денеска и утре ќе се играат натпреварите од петтото коло.
Голем број на интересни натпревари носи оваа рунда, особено имајќи ги во предвид досегашните резултати.
Програмата ќе биде отворена со натпреварите во Хрватска и Шпанија, дуели во кои треба да настапат и македонските интернационалци.
Во Загреб, Динамо на Стефан Риствски и Аријан Адеми го пречекуваат шкотскиот Селтик.
Екипата на Џирона чиј дрес го носи Бојан Миовски ќе има тешка задача во натпреварот против лидерот во англиската Премиер лига Ливерпул. Сепак Македонецот нема да настапи на овој натпревари. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Миовски се повредил на последниот тренинг и нема да биде во комбинација.
Дали Ељуф Елмас ќе добие шанса вечерва на мечот меѓу Лајпциг и Астон Вила, останува да се види.
Дерби дуелите денеска ќе се играат во Бергамо и Леверкузен. Италијанската Аталанта која е во одлична форма го пречекува актуелниот европски шампион Реал Мадрид.
Германскиот првак Баер ќе биде домаќин на италијанскиот шампион Интер.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 6.КОЛО
Среда
ДИНАМО З. – СЕЛТИК од 18.45 часот
ЏИРОНА – ЛИВЕРПУЛ
АТАЛАНТА – РЕАЛ МАДРИД од 21 часот
БАЕР Л. – ИНТЕР
БРЕСТ – ПСВ
КЛУБ БРИЖ – СПОРТИНГ Л.
ЛАЈПЦИГ – АСТОН ВИЛА
САЛЦБУРГ – ПСЖ
ШАХТЈОР – БАЕРН М.