Елитниот европски фудбал се враќа со спектакуларни пресметки во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампионите. Вечерва фокусот на светската јавност ќе биде насочен кон култните стадиони во Мадрид и Лисабон.
Европска класика во Мадрид
На „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал го пречекува моќниот Баерн Минхен во европската класика, што ветува многу возбудувања. „Кралевите“ атакуваат на предност пред своите навивачи, додека баварците бараат поволен резултат пред реваншот.

Реал и Баерн според многумина го сметаат да дуел на „финале пред финалето“. Низ историјата, овие два гиганта се соочиле вкупно 28 пати во најелитното натпреварување, што претставува апсолутен рекорд во Европа. Моменталниот „скор“ е на страната на шпанскиот тим кој има остварено 13 победи наспроти 11-те триумфи на германскиот шампион. Само четири натпревари завршиле без победник, што ја потврдува бескомпромисната борба секогаш кога овие тимови се на теренот.
Реал Мадрид е недопирлив лидер со рекордни 15 европски титули, додека Баерн Минхен на своите полици има шест престижни трофеи. Последниот голем успех на „кралевите“ е минатогодишниот триумф во 2024 година кога ја покорија Европа по 15-ти пат. Баерн Минхен последен пат се искачи на врвот во 2020 година по победата над ПСЖ во големото финале.
Најсвежиот спомен од нивните дуели датира од минатата сезона кога Реал славеше со вкупни 4-3 во полуфиналето. Двата тима влегуваат во овој четвртфинален меч со желба за нова доминација и чекор поблиску до големиот пехар. Навивачите очекуваат вистински фудбалски празник на „Сантијаго Бернабеу“ каде историјата и квалитетот повторно ќе се судрат.
Спортинг во лов на „топчиите“
Паралелно со дуелот во Мадрид, во Лисабон тимот на Спортинг ќе ги одмери силите со Арсенал. Овој дуел ги соочува двете екипи кои негуваат офанзивен фудбал и брза транзиција по освоена топка.

Португалскиот состав е познат како незгоден домаќин кој знае да ги изненади најголемите фаворити. Спортинг Лисабон на својот „Жозе Алваладе“ традиционално игра моќно и тешко прима голови од фаворитите. Португалскиот состав се потпира на својата цврста организација и фанатичната поддршка од трибините. Арсенал во Лисабон доаѓа со статус на еден од главните кандидати за европскиот трон. „Топчиите“ сакаат да наметнат висок ритам уште од првата минута и да ја контролираат играта. Нивната цел е да остварат позитивен резултат кој ќе им овозможи мирна реванш средба во Лондон.
Нивниот последен меѓусебен дуел се одигра на 10 декември 2024 година кога Арсенал славеше убедливо со 5-1 на гостински терен.
Двата вечерашна дуели ќе почнат од 21 часот, термин во кој утре ќе се играта и другите два натпревари. Во нив ПСЖ се среќава со Ливерпул, а во шпанската класика ќе играат Барселона и Атлетико Мадрид.





































