Со одигрувањето на реванш осминафиналните дуели познати се двојките за четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Во нив, ќе гледаме, најмалку три, дерби дуели кои според имињата на тимовите ветуваат мега спектакл.
Сигурно најголемо внимание ќе привлече двомечот на најтрофејниот во ова натпреварување Реал Мадрид и германскиот гигант Баерн Минхен.
Ни малку по неизвесни би требало да бидат дуелите меѓу актуелниот европски шампион ПСЖ и англискиот Ливерпул.
„Пеколно“ се оекува да биде и шпанското дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Ова особено ако се имаат во предвид нивните неодамнешни дуели во Купот на Шпанија. Атлетико го доби оној во Мадрид до 4-1, а Барселона славеше со не доволни 3-0 на „Камп Ноу“.
Навидум, Арсенал ќе ја ма улогата на благ фаворит во дуелот со португалскиот првак Спортинг Лисабон.

ЛИГА НА ШАМШПИОНИ – 1/4 ФИНАЛЕ
РЕАЛ МАДРИД – БАЕРН МИНХЕН
ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ
БАРСЕЛОНА – AТЛЕТИКО МАДРИД
СПОРТИНГ Л. – АРСЕНАЛ
Првите четвртфинални дуели на програмата се на 7 и 8 април, а реванш дуелите седум дена подоцна.
Сите голови од Лигата на шампионите може да го ГЛЕДАТЕ ОВДЕ 👇👇👇





































