Реал Мадрид, ПСЖ и Арсенал се нови три тима кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Актуелниот европски шампион ПСЖ и мадридски Реал два пати ги совладаа англиските Челзи и Манчестер Сити, а Арсенал го доби реваншот со Леверкузен.
Во Манчестер, најтрофејниот европски тим со вкупни 5-1 го елиминира англискиот шампион Сити.
Откако првиот дуел во Мадрид заврши со победа на „кралевите“ со 3-0, во реваншот вечерва гостите од Маџрид славеа со 2-1. Дбата гола за Реал ги постигна Бразилецот, Винициус. Реал поведе во 22.минута со голот од пенал, на кој претходеше црвениот картон за Бернардо Силва кај домаќините. И со играч помалку Сити постигна гол преку Халанд во 41-минута за израмнување на 1-1. Кога сите очекуваа крај, Винициус во судиското дополнение со својот втор гол ги постави конечните 2-1.
Европскиот првак ПСЖ беше втор пат подобар од Челзи.
По париските 5-2, „светците“ вечерва славеа со 3-0. Кварацкелија (6.минута), Баркола (15) и Мајулу (62), беа стрелци на головите за ПСЖ.
СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДЕНЕШНИТЕ РЕВАНШ 1/8-ФИНАЛНИ ДУЕЛИ
На вториот натпревар одигран вечерва во Лондон, тимот на Арсенал го победи Баер од Леверкузен со 2-0.
Првиот меч во Германија заврши без победник 1-1, па англиската екипа обезбеди место меѓу осумте најдобри. Стрелци на головите за „топчиите“ од Лондон беа, Еберечи Езе (36.минута) и Деклан Рајс (63).
Арсенал за противник во четвртфиналето ќе го има Спортинг Лисабон. Португалскиот првак го доби реваншот против Бодо Глимт со 5-0 по продолжение. Првиот меч му припадна на норвешкиот шампион со 3-0.
Утревечер на програмата се нови четири реванш дуели по кои ќе се комплетира листата на четвртфиналисти.



































