На женската тениска ВТА листа нема промени на двете водечки позиции.
Полската тенисерка Ига Швјатек иако на УС опен стигна само до осминафиналето останува убедливо на првата позиција.
Зад неа со 2.100 бодови помалку е победничката во Њујорк, Белорусинката, Арина Сабаленка која во финалето ја победи Џесика Пегула.
Токму Американката сега е трета со скок од три позиции, а на сметка на ланската победничка на УС Опен, Коко Гоф која падна на 6.место.
Меѓунив се Елена Рибакина од Казахстан и Италијанката, Јасмине Паолини.
Најголем прогрес кај дамите имаше Ема Наваро. Полуфиналистката на „Флешинг Медоу“ сега е осма со скок од четири позиции, потиснувајќи ги Барбора Крејичкова и Мариа Сикари на 9 и 10-то место.