Со завршувањето на последниот Гренд-слемт турнир годинава УС Опен, објавена е најновата тениска ранг листа.
Со триумфот во Њујорк, Јаник Синер се зацврсти на првата позиција на АТП листата. Италијанецот сега има 11.180 поени и сигурно ќе ја заврши годината како најдобар во светот.
Ланскиот победник Новак Ѓоковиќ кој беше елиминиран во 3-коло, загуби 1900 поени, па од второто падна на четвртото место.
Пред него се, Александер Зверев (7.075) кој направи скок од две позиции, а го мина и Карлос Алкараз кој остана на третото место.
По овој квартет следуваат Русите, Данил Медведев и Андреј Рубљев, а финалистот во Њујорк, Тејлор Фриц сега е седми со скок од пет позиции. Листата на ТОП-10 ја заокружуваат, Хуберт Хуркач, Каспер Руд и Григор Димитров.