Младата репрезентација до 21 година, е во Гибралтар каде ќе го одигра осмиот натпревар во квалификациите за ЕП 2025-та.

По дебаклот пред четири дена и поразот од Холандија (0-5), избраниците на Драган Канатларовски денеска ќе треба да се вадат во дуелот со аутсајдерот.

Нашата репрезентација на досегашните седум натпревари оствари две победи и пет пати беше поразена. Единствено полоша од нашата е токму селекцијата на Гибралтар која на 9 натпревари има 8 порази и 1 победа.
Ќе успеат ли македонските младинци да впишат нова победа со која би ја минале Молдавија останува да видиме.

Натпреварот Гибралтар – Македонија ќе почне од 13 часот.