Најдобро рангираниот светски тенисер Јаник Синер е победник на последниот Гренд-слем годинава УС Опен.

Тој вечерва во финалето во Њујорк го совлада домашниот тенисер Американецот, Тејлор Фриц со максимални 3:0.

Во мечот што траеше два часа и 17 минути, Италијанецот доминираше и покажа зошто е играч број 1 во светот. 

По сетови, Синер го доби Фриц со 6:3, 6:4, 7:5.

За својот втор Гренд-следм трофеј во кариерата, по оној во Мелбурн на почетокот на годината, Синер заработи и неверојатни 3,6 милиони долари.