Дербито на „Олимпико“ во Рим, каде се сретнаа големите ривали Рома и Јувентус, го потврди приматот. Сепак, само два гола видоа љубителите на фудбалот, а натпреварот заврши без победник 1:1.

Голем број на шанси создадоа двете екипи. Во воведниот дел гостите имаа две изгледни, особено онаа на Србинот, Влаховиќ кој биеше крај голот.

Не се чекаше долго на првиот гол. Се играше 15-тата минута кога Ромелу Лукаку се најде на вистинското место и донесе предност на Рома од 1:0. Обидите за израмнување на „старата дама“ беа крунисани со погодокот на Бремер во 31.минута за 1:1. Тоа беше и резултат со кој се замина на одмор.

И во второто полувреме неколку зрели шанси на двете страни. на самиот почеток Киеза ја погоди гредата од домашниот гол. Во финишот односно судиското дополнение, Тами Абрахам се обиде во два наврати, но резултатот остана не променет.

Двата тима остануваат на истите позиции на табелата. Јувентус е трет со 66 бодови, пред Болоња со 65 и Рома која има 60.

Позицијата на Рома до крајот на сезоната ќе се обиде да ја загрози Аталанта (57) бидејќи тоа петтото место води во Лигата на шампионите следната сезона.