Женската тениска селекција на Македонија, со триумф го заврши настапот во „Били Џин Кинг“ купот.

На турнирот што се игра во Вилнус, Литванија, македонските тенисерки гои беа подобри од Израелките во двата сингл дуели. Така оној во двојки нема да има резултатско значење па Македонија на крајот ќе биде четврто рангирана.

Откако Магдалена Стоилковска го донесе првиот триумф, Лина Ѓорческа беше убедлива за водство од 2:0 во мечеви. Ѓорческа експресно за само 36.минути игра ја совлада Карин Алтори која не освои нити еден гем (6-0 и 6-0)

И следната година нашата женска тениска селекција ќе игра во истиот ранг, односно Втората Евро-африканска зона.