Женската тениска селекција на Македонија поведе со 1: во дуелите со Израел, во „Били Џин Кинг“ купот.

Првиот поен за Македонија го донесе Магдалена Стоилковска која во два сета ја совлада Мика Бучник.

Стоилковска за 91.минута го доби мечот. Во првиот сет на противничката и препушти два (6-2), а во вториот четири гема (6-4).

На ред е мечот меѓу нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и Карин Алтори. Доколку Лина го добие тој меч, селекцијата на Македонија ќе заврши како четврто рангирана во Втората евро-африканска зона на ова натпреварување.