Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот W75 Сплит во второто коло што се играше за нагарден фонд од 60.000 долари. Таа денеска загуби од петтата носителка Вероника Ерјавец од Словенија со 2-0 во сетови (6:2, 6:1) за 54 минути игра. Нашата тенисерка за пласманот во оваа рунда ќе освои 9 поени.

Ривалката на Ѓорческа имаше повеќе брејк шанси и од 6 реализираше 8 за триумф во денешниот меч, притоа нашата тенисерка имаше реализиација 1/1.

Во првиот сет Ѓорческа поведе со 1:0, но проотивничката имаше серија од четири гема (два брејка) за водство од 4:1 и сетот го заврши со 6:2. Во вториот сет повторно водство за македонската тенисерка од 1:0, но повторно ривалката имаше серија за да го добие сетот и со тоа и мечот.

Во првото коло вчера доцна вечерта Ѓорческа ја победи Настасја Шнук од Германија со 2-0 во сетови.

Ѓорческа следниот настап ќе го има на ИТФ турнирот W75 Копер од 15.април, но од 8.април (понеделник) ја очекува настапот за македонската репрезентација на Били Џин Кинг купот во Вилнус, Литванија.