На задоволство на домашната публика Даниеле Колин е победничка на Мастер турнирот во Мајами.

Американката иако важеше за аутсајдер, во финалето ја совлада четврто рангираната светска тенисерка Елена Рибакина.

30-годипната Колин која најави повлекување од тенисот на крајот на сезоната, во два сета со 7-5 и 6-3, беше побра од казахстанската тенисерка.

За Колинс која во моментов е на 53-тата позиција на ВТА листата, ова е трета титула во кариерата, а прва на турнирите од серијата 1000 .