Дерби дуелот од 6.коло од ракометниот плеј оф ќе се одигра попладнево во Охрид. Второпласираниот тим на Охрид го пречекува Вардар, за кого победата е императив, бидејќи со евентуален нов кикс „црвено-црните“ ќе бидат далеку од борбата за шампионската титула, особено што првакот Е.Пелистер „запиша“ нова победа во ова коло. Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот.

Ова нема да биде единствениот дуел по ова коло попладнево. Бутел е домаќин на Алкалоид, а двете екипи пред седум дена во салата во Автокоманда одиграа неизвесен натпревар во рамките на Купот на Македонија и победникот (Алкалоид) беше решен во последните минути. Воедно „жешкиот“ терен во Бутел знаел да биде непријатен во минатото за фаворитите. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ)  6.КОЛО
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА  34:23
ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ  23:26
недела
18.00 БУТЕЛ – АЛКАЛОИД
18.30 ОХРИД – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 20 бодови, Охрид 14, Тиквеш 13, Вардар 12, Алкалоид 12,  Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-АУТ (МАЖИ) 6.КОЛО

ГОЛДЕН АРТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2  21:26

ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО  27:22

20.00 МУЛТИ ЕСЕНС – СКОПЈЕ 32:20
слободен МРК КУМАНОВО

ТАБЕЛА: Прилеп 18 бодови, Е. Пелистер 2 15, Мулти Есенс 13, Вардар Неготино 12, Куманово 11, Голден Арт 6, Скопје 3, Аеродром – 3.