Бугарскиот тенисер Григор Димитров вториот тенисер што се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами. Откако тоа го стори Италијанецот, Јаник Синер, по него и Димитров обезбеди меч за трофејот.

Тој во полуфиналето по голема борба во меч што траеше 2 часа и 40 минути го совлада Германецот, Александар Зверев со 2-1.

Првиот беше решен во десеттиот гем, кога Бугаринот направи брејк и го доби со 6:4. Германецот израмни на 1-1 во сетови добивајќи го следниот во тај-брејкот со 7:4 на поени. Решавачкиот момент во третиот сет се случи во седмиот гем, која Зверев не го реализира својот сервис, а во продолжението Димитров ги освои своите и го доби сетот со 6:4.

Со пласманот во финалето во кое Димитров ќе игра против Синер вечерва, тој по повеќе од пет години се враќа меѓу првите десет на АТП листата.

Потсетување дека бугарскиот тенисер лесно и убедливо во полуфиналето го мина вториот светски рекет, Карлос Алкараз.