Дури 12 натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата.

Дербито се одигра во Денвер каде шампонот загуби од Минесота со 111:98. Овојпан Никола Јокиќ не можеше да му помогне на својот тим иако Србинот заврши со дабл-дабл ефект со 32 поени и 10 скока. Тоа не беше доволно да се избегне поразот и да се загуби првата позиција на табелата. Сега „Нагетс“ паднаа на третата позиција зад Оклахома и Минесота.

Затоа пак Далас забележа важна победа и тоа на гостувањето кај Сакраменто кого го совлада со 107-103. Кајри Ирвинг со 30 поени беше најефикасниот играч на натпреварот и во победничката екипа за која Лука Дончиќ постигна 26, а додаде 12 асистенции и 9 скока.

Далас со оваа победа сега се проби на 6.место на табелата кое гарантира пласман во плејофот.

Од останатите натпревари ги издвојуваме. Поразот на ЛА Лејкерс кај Индијана 109-90. На „Езерџиите“ не им помогна ниту расположениот Ентини Дејвис со 24 поени и 15 скокови, бидејќи Леброн Џејмс постигна за него скромни 16 поени.

Тимот на Голден Стејт е чекор пред Хјстон во трката за позицијата 10 што води во плеј-инот. Ова откако „Воините“ како гости го победија Шарлот со 115-97. Стеф кари реализира 23 поени, а Вигинс додаде 20 поени и по 8 скокови и асистенции во оваа победа на „Вориорс“.