Јаник Синер е првиот финалист на АТП Мастерсот турнирот Мајами. Иако се очекуваше првиот полуфинален меч на турнирот да донесе неизвесен тенис, сепак тоа ни од далеку не беше случај.

Во него, а како реприза на Австралија опен, Синер за противник го имаше Данил Медведев.

Италијанецот едноставно го „прегази“ Русинот во два сета, препуштајќи ми само три гема. За час и единаесет минути игра Синер го доби мечот со 6:1 и 6:2 и обезбеди финале.

Тој сега ќе го чека исходот од мечот меѓу Григор Димитров и Александар Зверев, чиј почеток е закажан точно на полноќ.