Во НБА лигата ноќеска се одиграа само четири натпревари, а најинтересниот од нив беше од нив во Лос Анџелес.

Домашниот тим на Лејкерс по две продолженија го совладаа Милвоки со 128-124. Подвигот на „Езерџиите“ е дотолку поголем што тие на овој натпревар настапија без својот најдобар кошарка Леброн Џејмс. На Гостите од Милвоки не им беа доволни ниту 19-те поени предност во последната четвртина, па на крајот го претрпеа 26-тиот пораз, но останаа второ рангирани на западот.

Ентони Дејвис со 34 поени и 23 скокови беше лидер на Лејкерси. Тој имаше голема поддршка од Остин Ривс кој го оствари првиот трипл-дабл во кариерата, со 29 поени, 14 скока и 10 асистенции.

Лука Дончиќ постигна 26 од 28 поени во првото полувреме, а Далас славеше на гостувањето кај Сакраменто со 132-96. Словенецот заврши со дабл-дабл остварувајќи и 11 скокови, Блиску до двоен ефект беше и Кајри Ирвинг кој покрај 24 поени имаше и 8 скокови.

На останатите два натпревари.

Голден Стејт славеше на гостувањето кај Мајами со 113-32 натпревар во кој Клеј Томсон беше најефикасниот кај победникот со 28 поени.

Максималниот ефект на гостите го заокружи Оклахома со победата над Њу Орлеанс со 119-112.