По обврските во АБА2 лигата екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер се враќаат на обврските во домашното првенство.

Двете екипи вечерва ќе ги играат натпреварите од 21-то претпоследно коло од регуларниот дел на сезоната.

Тие важат за фаворити во дуелите со Вардар и Академија ФМП, па се освен триумф на аеродромци и битолчани ќе биде големо изненадување.

Бодовите за нив се важни ви трката за повисок пласман и подобра позиција пред разигрувањето, плејофот. Шампионот МЗТ со победа помалку од Работнички е на втората позиција, а Пелистер е во групата на три екипи со по 14 победи.

Дуелите МЗТ Скопје – Вардар и Пелистер – Академија ФМП ќе почнат во ист термин од 19 часот.

Натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21.КОЛО
среда

19.00 ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ФМП
19.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ВАРДАР
Одиграно претходно
ОХРИД – ТФТ 78-89 (72-72)
ГОСТИВАР – КОЖУВ 104-73
ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ 69-94
ЕУРО НИКЕЛ – ЧАИР 93-94 (82-82)

ТАБЕЛА: Работнички 39, МЗТ Скопје Аеродром 36, ТФТ 35, Чаир 35, Пелистер 34, Еуро Никел 33, Феникс 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25, Академија ФМП 24, Вардар 24.