Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 21 година ги продолжува натпреварите во квалификациите за ЕП 2025 година.

По минималната победа над аутсајдерот Гибралтар (1:0), избраниците на селекторот Канатларовски денеска ќе имаат многу потешка задача.

Македонските младинци за противници ќе ги имаат врсниците од Шведска. Токму со победата против Швеѓаните, Македонија го почна овој квалификациски циклус, по што следуваа трите поразви во низа.

Триумфот пред пет дена позитивни влијаеше на атмосферата и враќањето на самодовербата кај црвено-жолтите. Сепак, за повторно да се совладаат „Викинзите“ ќе мора далеку подобро и пред се поефикасно да одиграат македонските млади фудбалери.

Еден бод ги дели овие две селекции на табела, па со триумф тие ќе и се доближат на второ пласираната Грузија која досега собра 10 бодови. Шведска е трето рангирана со 7, а Македонија е на делба на 4-5 место со Молдавија со по 6 бода. Убедливо прва е Холандија која собра максимални 21 бод, откако вчера на гостувањето ја совлада Молдавија со 3-0.

Дуелот меѓу Македонија и Шведска што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ ќе почне од 14 часот.

Во истиот термин ќе се игра и натпреварот од нашата „Ц“ група меѓу Гибралтар и Грузија.