Македонската фудбалска репрезентација до 21 година  го одработи последниот официјален тренинг на  арена „Тодор Проески” пред утрешниот дуел со Шведска во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Во претходното коло, избраниците на селекторот Драги Канатларовски, на домашен терен издвојуваа победа над селекцијата на Гибралтар со 1:0. Шведската селекција во пријателски натпревар славеше убедлива победа со 6:1 над Кипар.

За потсетување, во првото коло од овој квалификациски циклус, црвено-жолтите ги совладаа „Викинзите“ со 1-0.

Селекторот Канатларовски, е свесен дека Швеѓаните доаѓаат во Скопје по „одмазда“ тој пораз. Сепак, тој верува дека Македонија ќе се „прашува“ за конечниот исход.