Првиот собир за двете национални селекции е на 1 април во Скопје, неколку дена потоа, следува настап на првиот турнир во Романија.

Тренерите на двете национални селекции на играчи родени 2010 година, Тeо Митевски во машката, односно Ера Пајазити во женската, ги одредија играчите на кои ќе сметаат за почетокот на репрезентативните подготовки и настап на првиот, од неколкуте предвидени турнири од новото издание на ФИБА проектот насловен како „Заедно до У16“.

Првиот собир на овие две наши најмлади национални селекции е предвиден за 1 април (првиот тренинг на машката селекција е од 12.часот, а на женската е закажан за 13.30 часот) во салата на СРЦ „Кале“ – во Скопје.

На 3 април е предвидено заминување за Романија, поточно за градот Дробета-Турну Северин, каде ќе се игра турнирот на кој се поканети и репрезентациите на Турција, Бугарија и Косово.

Список на играчи (машки) родени 2010 година

Филип Ѓеорѓиевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Јован Гајиќ – МЗТ Скопје Уни Банка
Војдан Стаменковски – Водно Санс
Војдан Чадиновски – Вардар
Никола Блажевски – Вардар
Синиша Трпчевиќ – Вардар
Марин Поповски – Вардар
Дион Шабани – Црн Дрим
Михаил Ангелковски – МКК Куманово
Лука Ангелов – Дино Баскет
Хамза Драголовчанин – Феникс 2010
Лука Трајковски – Феникс 2010
Тренер: Тео Митевски

Список на играчи (женски) родени 2010 година

Кјара Анастасова – Бадел 1862
Јована Струменикова – Бадел 1862
Теа Трајкова – Вардар
Марија Димитровска – Вардар
Неда Ѓорговска – МЗТ Скопје
Дијана Ѓорева – Јасмин
Ангела Мегленова – Јасмин
Теона Милчин – Струга 2009
Суада Зиба – Струга 2009
Беатриса Велковска – Крива Паланка
Мија Авиа – Работнички
Ивона Леова – Спорт тим
Тренер: Ера Пајазити