Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродорм попладнево во Широки Бриеј, ќе го игра 12-тиот натпревар во АБА2 лигата.

Аеродромци се сигурни учесници во плејофот. Сепак, во последните два дуели ќе се обидат да стигна до повисока позиција, а со тоа и полесен противник во четвртфиналето.

Противник на МЗТ е екипата на Златибор кој заедно со Војводина е на делба на второто и третото место на табелата. Аеродромци имаат една победа помалку и заедно со Подгорица ја делат четвртата и петата позиција.

Оттаму и големата важност на овој натпревар, не само за овие екипи, туку и другите конкуренти за висок пласман.

Дуелот, меѓу МЗТ и Златибор што ќе почне од 15 часот.